Триесетгодишна велешанка хоспитализирана откако по втор пат се заразила со Ковид 19

Триесетгодишна велешанка по втор пат се заразила со вирусот Ковид 19. Таа се тестирала затоа што додека била на одмор добила симптоми, објави Велес на дланка.

Поради бројните симптоми и здравствената состојба во која се наоѓа таа е задржана на лекување во Општата болница Велес на Инфективното одделение.

Прв оваков случај во Велес беше регистриран во текот на месец март минатата година кога велешанец на возраст од четириесетина години беше по втор пат заразен со коронавирусот кој го имал прележано за прв пат во месец јануари минатата година. Во моментов, во Велес има 29 активни случаи со ковид-19.

12.08.2021 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега