Хрватска е на нозе откако три деца беа пријавени како исчезнати. Според локалните медиуми, Патрик Јантолек (16) и братот и сестрата Адријано (14) и Кјара Оречиќ (13) исчезнаа во Сисак.

„Мајката на Кјара ми се јави и ми рече дека не може да ја контактира неа или нејзиниот брат и ме замоли да го повикам Патрик бидејќи можеби се со него. Патрик и Кјара се дечко и девојка. Патрик беше многу формален во пораките, одговарајќи само со „да“ и „не“. Тоа беше во среда наутро. Оттогаш, нема никаква трага од нив“, изјави мајката на Патрик, Ана Мари Матејаш, за Dnevnik.hr.

Мајката на Кјара и Адријано мислат дека исчезнале заедно.

„Не знаеме каде се. Ги проверивме сите места каде што би можеле да бидат, сега чекаме полиција“, рече таа.

Двете мајки велат дека ова е прв пат да се случи нешто вакво.

„Ние сме од Загреб и полицијата излезе таму да провери дали можеби отишол да се сретне со своите стари пријатели, но не го пронајдоа“, објасни мајката на Патрик.

Патрик има кафеава коса и кафени очи. Кјара, која е слаба и висока 160 см, има иста боја на очи и коса. Нејзиниот брат Адријано има руса коса и сини очи, тој е слаб и висок 180 см.

„Доколку имате информации за исчезнатите лица, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Можете да испратите информации и на е-поштата: nestali@nestali.hr“, се наведува во соопштението.

Exit mobile version