Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците – Македонија не е на распродажба

    Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците – Македонија не е на распродажба

    25.09.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија не е на продажба!

    За Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ, Македонија е ресурс од кој треба да извлечат само профит – не држава за која треба да се грижат.

    Затоа и го смислија новиот нацрт план за просторно планирање – за профит.

    Распродажбата на Македонија Мицкоски ја внесе во Нацрт – просторниот план – документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година, изјави на денешната прес-конференција пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ.

    Тоа е неговата матрица – кога нема никакви резултати,кога нема инвестиции, економијата тоне, арамијата Мицкоски ја распродава државата – за свои бизнис интереси и провизии.

    Локациите за пет рудници за метали Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке – се веќе исцртани внесени во стратешкиот документ со кој се планира иднината на државата во следните 15 години.

    Дополнително се проектира и зголемување на површините под експлоатација на критични минерални суровини од околу два на приближно десет квадратни километри.

    Значи петкратно зголемување, а граѓаните немаат јасен приказ на точните граници и на целиот простор што би го зафатиле рударските активности.

    Кој одлучил? Ги прашале ли граѓаните? Не, Мицкоски сам ја изцртал иднината на државата така како што нему му одговара.

    Еднаш загадената вода и почва остануваат трајно загадени.

    А последиците врз здравјето на луѓето не можат да се платат со никаква провизија.

    Никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и да ја распродава државата.

    Природните богатства не се сопственост на Мицкоски, ниту на неговата Влада. Тие се богатство на граѓаните.

    СДСМ нема да дозволи Македонија да биде распродадена парче по парче, за туѓи бизнис интереси и финансиски профити.

    Остро ќе се спротиставиме на овој криминален план на Мицкоски и неговата Влада.

    Бараме да се повлече криминалниот план.

    Македонија не е на продажба.

    Ниту нашата почваа, ниту водата, ниту природните богатства.

    Нема да дозволиме иднината на државата да биде претворена во профит за некого, на штета на здравјето на граѓаните, додаде Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.