Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп потпиша уредба за намалување на бројот на препорачани детски вакцини

    Трамп потпиша уредба за намалување на бројот на препорачани детски вакцини

    11.08.2026 во 09:542 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот на препорачани вакцини за деца, овозможувајќи програмата за вакцинација да се ограничи на 11 основни вакцини.

    Со уредбата исто така се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се раздели на три одделни вакцини кои деца би ги примале соодветно.

    „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот стандард за вакцинација на децата, кои опфаќаат само 11 основни вакцини против најсериозните и најопасните болести, плус ММР, која, се надеваме, ќе биде поделена“, изјави Трамп за време на церемонијата на потпишување во Белата куќа.

    Тој за време на обраќањето истакна дека САД во минатото препорачувале повеќе дози од другите земји.

    „Америка препорачуваше повеќе вакцини за децата од која било споредлива земја, па дури и двојно повеќе дози од некои европски земји“, рече тој.

    Иницијативата беше поддржана од американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој е долгогодишен критичар на делот од досегашните здравствени препораки. Тој се залагаше за укинување на универзалната препорака за вакцинација против хепатит Б и намалување на списокот, повикувајќи се на наводна поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.

    Кенеди уште во јануари се обиде да отстрани вакцини против шест од вкупно 17 болести од федералната програма, но тој чекор беше оспорен пред Федерален суд.

    И покрај судската постапка која е сè уште во тек, извршната уредба на Трамп предвидува поддршка само за 11 преостанати вакцини од страна на федералната влада.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.