Претседателот на САД, Доналд Трамп по средбата со премиерот на Канада, Марк Карни изјави дека има напредок во тешките трговски преговори, но не понуди конкретни отстапки.

– Веднаш ми се допадна (Карни) и имаме добар однос. Имаме нормален трговски конфликт, но најверојатно ќе го решиме, истакна Трамп.

И Карни верува дека ќе се изнајде решение за спорот со царините кои ги нарушија билатералните односи и ја ослабеа канадската економија.

За разлика од другите големи сојузници на САД, вклучувајќи ја и Европска Унија, Канада сè уште не склучила сеопфатен трговски договор со својот сосед и главен економски партнер.

Влоговите се високи за Канада, чии 75 проценти од извозот одат кај нејзиниот јужен сосед и чиј бруто домашен производ (БДП) се намали за околу 1,5 проценти во вториот квартал.

Трамп воведе царини за дрвена граѓа, алуминиум, челик и автомобилска индустрија во Канада. Тој вчера додаде царини за тешки товарни возила увезени во САД, кои ќе бидат оданочени со стапка од 25 проценти почнувајќи од 1 ноември.

Exit mobile version