Франција отвора конзулат во Гренланд во петок, 6 февруари, како што планираше минатата година, објави денес министерот за надворешни работи на земјата, Жан-Ноел Баро.
Баро изјави за радио RTL дека Соединетите Американски Држави (САД) мора да престанат да го уценуваат Гренланд и да ја изразуваат својата желба да ја преземат контролата врз автономната данска територија, објави Ројтерс.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал смисла, тој би бил и против интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане“, додаде Баро.

