Трамп мисли сè најлошо за Меган Маркл: „Хари е искористен, еден ден ќе зажали“

Не е тајна дека Доналд Трамп никогаш не ја сакал Меган Маркл.

Сопругата на принцот Хари, некогашниот претседател на САД повеќе пати ја коментираше јавно во негативен контекст.

„Не сум фан на Меган Маркл. Сакам да го нагласам уште ова: На Хари му посакувам многу среќа во бракот, сигурно ќе му треба“, изјавил минатата година Трамп на една конференција во Белата куќа.

Овојпат Трамп повторно го коментирал кралскиот пар. Во големо интервју кое неодамна го дал, контроверзниот бизнисмен ја обвинил војвотката од Сасекс дека не ја почитува кралицата и дека за тоа го користи Хари.

„Не сум нејзин обожавател. Не сум, од првиот ден. Мислам дека Хари е искористен и мислам дека еден ден ќе зажали за тоа“, изјавил Трамп и ја означил Меган како главен виновник што британскиот принц односите со кралското семејство ги свел на минимум.

И, тука не е крајот. Некогашниот претседател на САД тврди и дека постојат одредени индиции дека Меган и Хари му помогнале на Бајден да победи на претседателските избори во САД.

Меган, според неговите зборови, ја користела својата титула кога контактирала со републиканските сенатори обидувајќи се да прави работи кои не се пристојни.

04.12.2021 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа