Трамп: Ме збунува дали Камала Харис е Индијка или Афроамериканка

Републиканскиот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека не му е јасно дали потенцијалната демократска претседателска кандидатка Камала Харис е Индијка или Афроамериканка, бидејќи, како што тврди, првично се претставувала како „црна “ и „сега таа ја променила играта“.

„Таа отсекогаш била со индиско потекло и самата го промовирала индиското наследство, а сега сака да биде позната како црнка. Па, не знам дали е Индијка или дали е црна. Јас ја почитувам во секој случај, но таа очигледно не (почитува) затоа што прво беше Индијка, а потоа направи пресврт и сега е црна“, рече Трамп на собирот на Здружението на афроамерикански новинари, пренесува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Ен).

Мајката на Камала Харис била Индијка, а нејзиниот татко Јамајканец и двајцата емигрирале во САД.

31.07.2024 - 23:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега