Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Дејвид Гета опиша како си помина во Скопје

    12.09.2026 во 20:23

    Мицкоски: Растот на пензиите е 16 пати поголем од времето на СДСМ, денес се живее подобро од пред три години

    12.09.2026 во 15:51

    Мицкоски: Очекувам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница да победи

    12.09.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп изрази оптимизам за трговскиот спор со Канада: „Веројатно многу скоро ќе видите договор“
    • „Безбеден град“ веќе казнува и во Велес, 151 прекршок за само ден и пол
    • На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
    • Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи, a потврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат
    • Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес
    • Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата
    • Започна спасувачка операција во Јаванското Море: Изгубен е контактот со ферибот со 243 патници и екипаж
    • Мицкоски: На владина седница денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп изрази оптимизам за трговскиот спор со Канада: „Веројатно многу скоро ќе видите договор“

    Трамп изрази оптимизам за трговскиот спор со Канада: „Веројатно многу скоро ќе видите договор“

    13.09.2026 во 14:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам за решавање на трговскиот спор со Канада и ја минимизира можноста Вашингтон да се повлече од Договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (USMCA).

    За време на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин вчера во Даблин, Трамп беше прашан дали има намера да ги повлече САД од трилатералниот трговски договор.

    „Сè се одвива одлично. Ќе имаме одлични односи со Мексико. Всушност, имаме добри односи и со Канада“, изјави Трамп.

    Тој додаде дека договор со Отава би можел да биде постигнат „многу скоро“, но не прецизираше дали официјалните трговски преговори се веќе обновени. Американскиот претседател повтори дека Канада мора да го подобри односот кон американските земјоделци и да ги укине царините за нивните производи, кои, според него, достигнуваат и до 400 отсто.

    – Веројатно многу скоро ќе видите договор со Канада – истакна Трамп.

    Трговскиот конфликт меѓу двете соседни земји се прошири надвор од рамките на царините и ги загрози прекуграничните синџири на снабдување од кои зависат клучни индустрии, пред сè автомобилскиот сектор, забележува Блумберг.

    Преговорите за поширок трговски договор пропаднаа во последен момент во август, по што Трамп воведе царини од 50 отсто за канадски стоки во вредност од милијарди долари.

    На 8 септември, канадскиот премиер Марк Карни одговори со воведување царини за низа американски производи за широка потрошувачка и ги зголеми стапките за челичните производи од САД од 25 на 50 отсто. Трамп, од своја страна, најави дополнителни мерки, меѓу кои и забрани за одредени канадски производи.

    Карни, сепак, подоцна сигнализираше дека нов круг контрамерки е малку веројатен, оценувајќи дека последните американски ограничувања ќе имаат „скромно“ влијание. Во четвртокот тој потврди дека разговарал со Трамп за геополитички прашања, без да прецизира дали тема на разговор биле и трговските односи.

    Изјавите на двајцата лидери ги поттикнуваат надежите за деескалација на тензиите и изнаоѓање излез од економскиот спор што прерасна во поширока политичка конфронтација, наведува Блумберг.

    Трамп во изминатиот период повеќепати изјавуваше дека Канада треба да стане 51-та американска сојузна држава, а канадскиот премиер го нарекуваше „гувернер“. Овие коментари предизвикаа негативни реакции во канадската јавност и му овозможија на Карни да ја зацврсти позицијата како заштитник на националниот суверенитет.

    Влошувањето на односите предизвика загриженост дека Трамп би можел да се закани со повлекување од USMCA, чекор што суштински би ги променил правилата за трговија во Северна Америка. Секоја од трите држави има право да се повлече од договорот со писмено известување од шест месеци, иако, според Блумберг, правната формулација остава одредени нејаснотии околу точната процедура.

    Спорот со Канада добива дополнителна тежина за Трамп во пресрет на конгресните избори во ноември, на кои Републиканската партија ќе се обиде да ја задржи контролата врз Конгресот. Според анализите на агенцијата, поддршката за претседателот се соочува со предизвици поради економските притисоци и воената криза со Иран.

    Меѓусебното воведување царини создава ризик од дополнително поскапување на стоките, што е меѓу главните грижи на гласачите. Тоа би можело да има негативно влијание врз републиканците во клучните погранични држави, како Мичиген, каде што се очекува неизвесна трка за место во Сенатот.

    Прочитај повеќе

    Започна спасувачка операција во Јаванското Море: Изгубен е контактот со ферибот со 243 патници и екипаж

    13.09.2026 во 13:03

    Крвав ноќен удар по Украина: Зеленски тврди дека Русија стрема кон економско уништување

    13.09.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.