Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини иранското раководство за злосторства против човештвото и порача дека треба да биде изведено пред суд.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп го нарече Иран „официјално пропадната држава“, а раководството во Техеран го опиша како целосно хаотично.
„Тие мора да бидат изведени пред суд за воени злосторства против човештвото“, напиша Трамп.
Американскиот претседател тврди дека иранските власти убиле повеќе од 100.000 демонстранти и дека земјата останала без функционална морнарица, воздухопловство и валута. За тврдењето за бројот на загинати демонстранти засега нема независна потврда.
Изјавите доаѓаат во услови на ново заострување на односите меѓу Вашингтон и Техеран и обновени воени судири меѓу САД и Иран.


