Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: Во центарот на новата програма на СДСМ се работникот и животниот стандард

    Трајановски: Во центарот на новата програма на СДСМ се работникот и животниот стандард

    08.06.2026 во 13:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија рече дека во новата програмска платформа на СДСМ, „Твоја држава, твоја шанса“, централно место има работникот и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

    Осврнувајќи се на „Скопска иницијатива“, која беше завчера, и на која дојдоа претставници на сестрински партии на Социјалдемократскиот сојуз од регионот, Трајановски истакна дека таа претставува значајна платформа за обединување на прогресивните и проевропски сили.

    „Скопската иницијатива e регионална прогресивна платформа, со присуство на повеќе од 40 претставници на политички партии, сестрински партии, Прогресивни партии кои дадоа признание на целата двегодишна борба на СДСМ и на претседателот и на раководството, затоа што препознаа во нас“, рече Трајановски.

    Во однос на новата програма на СДСМ, „Твоја држава, твоја шанса“, Трајановски истакна дека таа е резултат на широка консултативна постапка и учество на членството, потенцирајќи дека програмата ќе се темели на шест клучни столба, а централно место во новата програма ќе има работникот и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

    „Фокус мора да ни биде социјално загрозениот работник. Ние мора да се насочиме да ја намалиме таа класна разлика. Денес потрошувачката кошничка достигна околу 70.000 денари, а за жал не видовме ниту една мерка со која ќе се запре тоа нагло растење на трошоците за живот. Не е доволно граѓанинот само да се чувствува гордо во својата држава, туку треба да чувствува дека има повеќе средства во својот семеен буџет. Затоа во новата програма на СДСМ работникот и животниот стандард ќе бидат во центарот на политиките“, нагласи Трајановски.

    Осврнувајќи се на европските интеграции, потпретседателот на СДСМ порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на СДСМ.

    „Сите фондови, сите субвенции се врзани со отворањето на пристапните преговори со Европската Унија. Ние ќе инсистираме на побрза интеграција во Европската Унија. Јас сакам оваа земја да има иднина. Да ги имаме сите деца во оваа земја и ние сме генерација која треба да создаде нешто за тие деца“, нагласи Трајановски.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.