Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид

    Трајановски: Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид

    15.07.2026 во 22:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски.

    – На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од 57 километри, 37-38 километри се пуштени, а за останатите делови интензивно се работи. Очекуваме на крајот на октомври да го пуштиме делот од Извор да се качиме на автопатот и преку тунелот до Врбјани (од Врбјани до Ботун веќе е автопатско решение) а следната година во мај очекуваме да биде запазен рокот. Има динамика за тоа со третиот кредит што го зеде ЈПДП. Има добар динамички план. Веќе се гледаат работите при крајот, се гледаат работите што не беа предвидени како нови технички решенија за галериите. И денеска сите инволвирани – изведувачи, проектанти, надзор, имавме состанок кај вицепремиерот, така што тој рок останува – рече Трајановски во гостување во Тема на денот на ТВ Сител.

    За изградбата на Кичево-Охрид досега се земени три заеми и како што рече, вкупно ќе чини околу 800 милиони евра.

    Според Трајановски, со добра динамика се одвива изградбата на автопатските делници што ги гради „Бехтел и Енка“ Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани. Многу важен проект, посочи, е делот од Кичево до Букојчани за каде во тек е избор на изведувач и очекуваме во септември да почне да се гради.

    – За изградбата на автопатот Скопје-Блаце веќе е избран изведувач – конзорциум предводен од „Гранит“ со кој месецов ќе потпишеме договор. Во меѓувреме „Гранит“ се мобилизира на терен и очекуваме во втората половина на август да почне изградбата на патот кој долго се најавуваше и е од големо значаење за Македонија и Косово. Ќе го воведеме во работа изведувачот во текот на август, а во тек е избор на надзорот од страна на ЕБРД и ЈПДП. По воведувањето во работа ќе ги почнат теренските активности, испитувањата на теренот, расчистувањето на трасата – рече Трајановски.

    Цената на чинење по километар од 20 милиони евра, појасни, е поради тоа што се наоѓа во планинскиот предел на Скопска црна гора, ќе се градат пет тунели, девет мостови, многу косини, потпорни ѕидови, потпатници…

    Директорот на ЈПДП соопшти дека за потегот од Романовце до Страцин се работи на тендерска документација за експресен пат и пти се очекува следната година да биде објавен тендерот за физибилити студија по што треба да се обезбедат средства за изградбата.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.