Роднини и познаници на социјалните мрежи се простуваат од 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, кој беше пријавен за исчезнат.
Во една од објавите, неговата мајка Роза Илиоска споделила тажна порака дека нејзиниот син починал.
Виктор исчезнал во саботата околу 14 часот, а семејството апелираше за помош во потрагата. Неговото исчезнување во полиција го пријавил таткото, 69-годишниот Д.И., во неделата попладне.


