Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за утре најави масовен протест кој ќе започне со блокада пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати јасна порака дека работниците повеќе нема да чекаат и дека доколку не се исполнат нивните барања, следен чекор е генерален штрајк.
„Работниците се на работ на егзистенцијата. Утрешната блокада е само предупредување. Ако Владата продолжи да ги игнорира нашите барања, ќе ја парализираме целата држава со генерален штрајк“, изјави Слободан Трендафилов.
Протестот е планиран да започне пред зградата на ССМ, од каде колоната ќе се упати кон Владата на РСМ. Се очекува на протестот да се приклучат членови од сите гранкови синдикати, вклучително и јавната администрација, здравството и образованието.
Што доколку нема договор?
Од ССМ нагласуваат дека дијалогот со властите досега не вродил со плод. Трендафилов предупредува дека „времето за преговори истекува“ и дека членството е подготвено на радикални чекори доколку во буџетот не се предвидат средства за достоинствени плат


