Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедијата во „Пулс“ сè уште одекнува: 49 рочишта без ниту едно одложување

    Трагедијата во „Пулс“ сè уште одекнува: 49 рочишта без ниту едно одложување

    30.09.2026 во 09:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, досега се одвива без одложување на ниту едно рочиште.

    Од почетокот на судскиот процес се одржани вкупно 49 рочишта, од кои 40 во текот на оваа година. До крајот на 2026 година се закажани уште 15 рочишта, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

    На 14 септември заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Во досегашниот тек на постапката се изведени 1.390 материјални докази, а сослушани се 45 сведоци и пет вешти лица.

    Од 1 октомври треба да продолжи изведувањето на доказите на одбраната, која најавила 244 сведоци.

    Во меѓувреме, на 3 октомври истекува законскиот рок за притворот на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Неговата одбрана најави дека ќе понуди гаранција во имот во вредност од околу 200.000 евра, иако тоа не е задолжително.

    Од Кривичниот суд посочија дека за одлуката околу притворот е потребно мислење од Јавното обвинителство, кое досега не е доставено.

    „До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок“, информираа од Судот.

    Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.