Трагедија: Загина тракторист од виничко

 

Вчера во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

24.07.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа