Трагедија: Загина маж по удар од воз во близина на Кисела Вода

Загина маж на околу 50 години откако бил удрен од воз во близина на Кисела Вода, пренесе ТВ21.

Возот Скопје – Битола кој тргнува од Железничката станица во 20:05 часот вчера над четири часа стоеше кај Кисела Вода, односно на излез од населбата 11 Октомври, на надвозникот.

 

Возот удрил во маж на возраст околу педесет години.

 

Од ударот, лицето починало на местото на несреќата.

09.07.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега