Трагедија: Загина 18-годишно момче од Љубанци, со автомобил излетал од патот

Вчера околу 10.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Т.(50) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 07.00 часот на место викано Бозиште, скопско, неговиот син Д.Т. (18) со патничко возило излетал од шумски пат, по што починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

11.07.2024 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега