Трагедија во Турција: 18-годишник инспириран од видео игри извршил напад во чајџилница

 

Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска на лицето, елек, секира на појасот и нож в раце, влегол во чајџилница во турскиот град Ескишехир и повредил пет лица.

Напаѓачот бил фатен и приведен, по пријава на полицаец кој го видел инцидентот. Момчето, според наводите, го извршил нападот „под влијание на компјутерски воени игри што тој ги играл“ во играчниците во својот град.

Осомничениот е приведен, а петтемина повредени од неговиот напад се префрлени во околните болници. Меѓу нив има и две лица со потешки повреди опасни по живот.

13.08.2024 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега