Тетовец никогаш не учествувал во сообраќајка, а добил тужба, само поради еден потпис

 


Вчера во 11.50 часот во СВР Тетово, 42-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од С.А., А.Л. и А.„Н“.

Според пријавеното, во текот на 2021 година го довеле во заблуда и во банка потпишал некои документи за што како поклон С.А. му дал 5.000 денари. Како што е пријавено, на 25.09.2024 примил покана за судска расправа, каде дознал дека осигурителна компанија поднела тужба против него и две лица од с.Пирок и с.Копанце за наводно сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“, односно дека осигурителната компанија пуштила 350.000 денари на негово име за претрпена штета при сообраќајна несреќа, во која наводно бил учесник, а подоцна бил прогласен за виновен и требало да ги врати парите, кои никогаш не ги подигнал.

Исто така, според пријавеното, тој никогаш не бил учесник во сообраќајна незгода, ниту пак имал повреди во сообраќајна незгода, така што смета дека целокупната документација која гласи на негово име била фалсификувана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

19.02.2025 - 15:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега