Close Menu
Press24
    Најново

    Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје

    08.07.2026 во 21:23

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините
    • Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Росоман: Камион прегази маж, починал на лице место

    Трагедија во Росоман: Камион прегази маж, починал на лице место

    11.05.2026 во 21:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи попладнево во Росоман, во која животот го загуби 89-годишен пешак. Трагедијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева.

    Според полициските информации, несреќата била пријавена во 18:55 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп.

    „Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман“, појасни Милевска Ѓеоргиева.

    Од силината на ударот, пешакот починал на самото место, а смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци.

    За несреќата веднаш бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Кавадарци во моментов врши увид на местото на настанот за да се утврдат причините за трагедијата.

    Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин и возилата се пренасочуваат по околните регионални правци.

    Прочитај повеќе

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06

    Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава

    08.07.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.