Вчера во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици.

По преземените мерки и активности, во 00:20 часот на 22 септември А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила.

Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар во Гостивар, по што на местото бил извршен увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.

За време на службените дејствија, околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри. Тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Exit mobile version