Ноќеска пет минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Ф. (41) од Гостивар, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка.
Според пријавеното, тој фрлал остри и други предмети од покуќнината кон неа, при што ѝ нанел повреди.
Х.Ф. бил задржан во полициска станица, а при преземањето на мерките кај него било измерено присуство од 1,54 промили алкохол во крвта.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.


