Четириесетгодишен маж од Дебар го загуби животот во несреќен случај на работното место. Настанот бил пријавен во ОВР Дебар вчера околу 11:35 часот од страна на Итната медицинска помош.
Според пријавата, С.К. (40) паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ околу 11:15 часот додека извршувал работни задачи. Тој им подлегнал на повредите на пат кон болницата. Увид извршиле полициски екипи, трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција.

