Close Menu
Press24
    Најново

    Скокна цената на нафтата

    30.10.2026 во 21:23

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
    • Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
    • Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија кај Анкара: Се урна авон, во него бил началникот на Генералштабот

    Трагедија кај Анкара: Се урна авон, во него бил началникот на Генералштабот

    23.12.2025 во 21:301 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Спасувачките екипи вечерва стигнаа до остатоците од приватниот авион кој попладнево исчезна од радарите јужно од Анкара. Како што пренесуваат турските медиуми, авионот „Falcon 50“ се урнал на рид во близина на селото Кесикавак, во областа Хајмана, при што сите пет патници во леталото го загубиле животот.

    Меѓу загинатите е и началникот на Генералштабот на либиската армија, Мухамед Али Ахмед Ал-Хадад, кој престојуваше во официјална посета на Турција. Смртта на петтемина патници ја потврди и либискиот премиер Абдулхамид Алдабаиба, опишувајќи го овој настан како „огромен губиток за нацијата“.

    „Стигнавме до остатоците. Точната локација каде што се урна авионот е на рид 2 км јужно од селото Кесикавак во Хајмана. Се тврди дека имало експлозија на гориво кога се урна авионот, по што избил и пожар“, пренесува дописникот на CNN Türk.

    Во авионот, покрај Ал-Хадад, биле и високи претставници на либиските копнени сили и военото производство. Причините за несреќата сè уште не се познати, а летовите на аеродромот „Есенбога“, кои беа привремено прекинати, сега се обновени.

    Прочитај повеќе

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55

    Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба

    30.10.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.