Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.
- (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата
- Транспортерите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ на 14 септември
- Тешко повреден велосипедист во сообраќајна несреќа во Кривогаштани
- Ресен: Полицијата стопирала југо без регистарски таблици, возачот нема возачка
- Вознемирена мајка се јавила во полиција: Мојот малолетен син е претепан од возрасно лице на улица во Битола
- Набавени 49 нови комунални возила вредни 4,2 милиони евра за Скопје и 10 други општини
- Шасивари и Солстром разговараа за поддршката од Шведска во правосудните реформи
- Полицијата упадна во дом во Битола: Пронајдени 42 пакувања со дрога


