Трагедија доцна вечерва ја потресе Македонија: Во тешка сообраќајка едно лице загина, две се повредени
Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 - годишен маж од ресенско село.
Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ" со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 - годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо" со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ" со ресенски ознаки управувано од 47 - годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 - годишниот возач на „БМВ", а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.
Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ" се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Регионалниот пат од м.в.Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, потврдија за МИА од СВР-Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа