Полицијата сопрела кичевски автомобил: Возачот веднаш уапсен
Вчера во 23.18 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, лишен од слобода е З.Р.(31) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки кое, тој го управувал и по преземени мерки, констатирале дека тој е под дејство на алкохол.
З.Р. веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик „Безобзирно управување со моторно возило“.
09.03.2025 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа