Вчера околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри во фабрика во Делчево и се здобил со тешки телесни повреди, соопшти ЦВР Штип.
Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.