Товарен брод потона на пат кон Украина, се трага по девет членови на екипажот

 

 

Товарен брод кој бил на пат кон Украина потона во близина на турскиот брег.

Спасувачките екипи пронајдоа пет членови на екипажот близина на Кумлуча, во провинцијата Анталија и се обидуваат да лоцираат уште девет, пишува „Скај њуз“.

Причината за потонувањето на бродот се’ уште не е позната. Повикот за помош е упатен во 3:47 часот.

Командата на турската крајбрежна стража испрати неколку чамци и два хеликоптери. Бродот тргнал од турското пристаниште Искендерун.

05.04.2023 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега