Close Menu
Press24
    Најново

    Добра вест за земјоделците: Исплатени над 260 милиони денари субвенции за 1.600 корисници

    13.03.2026 во 15:58

    Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните

    13.03.2026 во 15:39

    11 возачи останаа без своите возила: Полицијата прави чистка по патиштата низ Македонија

    13.03.2026 во 15:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добра вест за земјоделците: Исплатени над 260 милиони денари субвенции за 1.600 корисници
    • Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните
    • 11 возачи останаа без своите возила: Полицијата прави чистка по патиштата низ Македонија
    • Шест пријави за семејно насилство за само еден ден – Нападнати деца, сопруги и мајки
    • OJO поднесе обвинение против сопругот на Ивана – ќе се гони за три кривични дела
    • Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
    • Суспендиран професорот од средното училиште „Лазар Личеноски“: Јаневска потврди дека инспекторатот веќе постапува
    • ОКТА: Од денеска до крајот на месецот обезбедуваме попуст од 2 денари по литар дизел и бензини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

    Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

    13.03.2026 во 14:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата.

    На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија обученост, дисциплина и посветеност претставуваат гордост за Министерството за внатрешни работи и за целата држава.

    „Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да биде целосно подготвена – технички, професионално и човечки – за да одговори на најсложените задачи и операции“, истакна министерот Тошковски.

    Тој нагласи дека САЕ „Тигар“ останува меѓу врвните приоритети на Министерството за внатрешни работи, при што ќе продолжат инвестициите во подобрување на условите за работа, модерна опрема и континуирана обука на припадниците на единицата.

    Министерот посочи дека припадниците на „Тигар“ се клучен дел од најсложените оперативни акции на МВР и се на првата линија во борбата против најтешките форми на криминал.

    Само во текот на 2025 година припадниците на единицата учествувале во 26 акции, обезбедувале повеќе десетици настани и реализирале 13 заеднички вежби со сродни полициски и армиски единици од земјата и странство, меѓу кои и со Зелените беретки од Армијата на Соединетите Американски Држави.

    Покрај тоа, тие редовно учествуваат на обуки и натпревари на кои постигнуваат врвни резултати, а во рамки на спасувачките мисии само во изминатата година спасиле пет повредени лица.

    Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека најголемата сила на единицата се нејзините припадници – нивниот професионализам, знаење, интегритет и пожртвуваност.

    „Успешните операции, богатото искуство и високите стандарди што ги постави ‘Тигар’ се обврска за сите нас тие стандарди не само да ги зачуваме, туку и постојано да ги унапредуваме“, нагласи Тошковски.

    Тој упати честитка до сите припадници на единицата по повод јубилејот, изразувајќи уверување дека САЕ „Тигар“ и во иднина ќе продолжи да биде симбол на професионалност, храброст и врвна подготвеност во служба на државата и граѓаните.

    Припадниците на САЕ „Тигар“ презентираа и видео-преглед на активностите на единицата во текот на 2025 година. По тој повод, во рамки на одбележувањето на 45 години од формирањето на единицата, беа доделени плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2025 година. Исто така, плакети им беа врачени на припадници за 15 и 25 години служба во единицата, како и на соработници и пријатели на единицата.

    Во текот на денот делегации на министерот за внатрешни работи, директорот на бирото за јавна безбедност, семејства на загинатите припадници од Оддделот за специјални полициски операции и други делегации положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на САЕ „Тигар“, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи извршувајќи ја најсветата дожност – да ја бранат татковината и безбедноста на граѓаните.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.