Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:54

    Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош

    23.07.2026 во 21:32

    Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
    • Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош
    • Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар
    • ЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар
    • ДЗС: Испратени дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница
    • Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази
    • 21 случај на вирусот Западен Нил во Грција – најголем дел со тешка форма на болеста
    • „25 години и понатаму“: Ферати и американската амбасадорка за нова визија за соживотот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар

    Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:544 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференцијата во Гостивар порача дека одговорност за случајот со водата во овој град ќе сносни секој кој со извршување или неизвршување на дејствија, пропишани со законите, придонел кон тоа да дојде до оваа ситуација. Тој истакна дека во врска со случајот на разговор се повикани голем број лица и се преземаат бројни истражни дејствија во рамките на наредбите дадени од страна на Јавното обвинителство.

    – Одговорност ќе се побара апсолутно од секој еден, кој ќе се покаже, без разлика дали со извршување или со омисивен деликт, дека сторил одредено нешто шо не требал да го стори или пак не сторил нешто што требал да го стори, секој еден за кого ќе има директна или индиректна вина, тоа го кажав и во текот на вчерашниот ден, порача денеска министерот Тошковски, кој е и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар, одговарајќи на новинарски прашања. 

    Потенцира дека надлежните се должни да го направат тоа, но во рамки на една законска постапка, во која ќе се почитуваат правилата, а не, како што додаде, како да сме на Див Запад.

    Во врска со тоа како се правеле анализите на водата, во веќе посочените временски периоди, и како не биле утврдени оттстапувања од нормалните вредноси во текот на минатиот месец се до пред некој ден, Тошковски нагласи дека токму заради тоа се тука и се преземаат сите овие мерки за да се расчисти случајот. 

    – Видете, ниту јас, ниту вие, ниту сите луѓе што сме овде денес сме тука затоа што цутат ружи во Гостивар, туку затоа што имаме мака и проблем и пробуваме да го решиме и го решаваме. И од аспект на она што треба да биде клучно, ставање во функција на нормално водоснабдување, прво со техничка вода, а потоа и со вода за пиење и од аспект на она што треба да значи одговорност, секој што се огрешил треба да одговара. Тоа е поука за сите останати два пати да размислат што ќе направат во животот понатаму, особено кога станува збор за животот и здравјето на македонските граѓани на секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак и на сите останати кои живеат во нашата држава – рече Тошковски.

    Нагласи дека треба да се стави крај на тоа процесите да се водат паушално и врз основа на тоа на кој како ќе му текне.

    – Еднаш засекогаш треба да има процедури, правила на игра и начин на работа кој што би требало да гарантира соодветни стандарди во интерес на нашите граѓани. Ако така настапуваме во иднина, нема да имаме вакви проблеми. Ако настапуваме како досега , повторно ќе ги имаме и нема да сме научиле ништо од животните лекции што се зад нас. Сега круцијално е да го решиме проблемот во насока на обезбедување техничка вода за граѓаните на Општина Гостивар, а потоа и вода за пиење. Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и сите истражни органи што се вклучени во процесот на утврдување на фактичката состојба и обезбедување одговорност, со цел на крајот да дојдеме до правда, ќе ја завршат својата работа. Верувајте ми. Многупати досега покажавме дека работата може да се сработи ако се сака. Ќе го покажеме тоа и во овој случај – истакна Тошковски.

    По 30 дена затворски притвор добија тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши од Гостивар, кои се на високи раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар.

    Оваа мерка им ја определи судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски завчера на тројцата осомничени кои се товарат дека се виновни за епидемијата со труење во општина Гостивар, предизвикана од водата за пиење и за нелегално поставување на пумпи во одводен канал, по што дошло до мешање на водата.  

    Портпаролката на Основниот суд Гостивар и воедно судија кривичар, Драгослава Веселинова на завчерашната прес-конференција истакна дека нејзиниот колега Михајлоски го прифати предлогот на Јавното обвинителство и определи мерка притвор од по 30 дена и донесе решение КПП 237/26. Веселинова изјави и дека решенијата за притворот се доставени до осомничените, а мерката притвор осомничените ќе ја издржат во КПУ Затвор Скопје – Скопје.“

    Таа образложи и дека мерките притвор од 30 дена за тројцата осомничени, кои се на раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар им се изречени поради запретената казна, за која им се става на товар на осомничените, бидејќи се работи за кривично дело за кое е запретена кривична санкција од најмалку четири години, а како што рече Веселинова доколку обвинетите би се пуштиле да се бранат од слобода, постои голема веројатност да се дадат во бегство и да влијаат врз сведоците, кои треба да бидат испитани во текот на истражната постапка.

    Прочитај повеќе

    Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош

    23.07.2026 во 21:32

    Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.