Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека Ива Михајлова незаконски ја напуштила земјата и заминала во Бугарија, нагласувајќи дека во тек денот по неа ќе биде распишана меѓународна потерница.

Во интервју за Сител, Тошковски истакна дека МВР веднаш ларминтски ќе ја процесуира потерницата доколку судот го прифати барањето на Обвинителството за определување мерка притвор.

  • Согласно информациите кои ги имам меѓународна потерница ќе биде распишана денес, јавното обвинителство побара определување мерка притвор. Доколку судот донесе таква одлука веднаш Министерството ќе ја процесуира преку каналите што ги имаме за меѓународна соработка и се надевам дека нашиот источен сосед ќе се одважи да ги почитува меѓународните правила, Европската конвенција за човекови слободи и права, се она што значи нормална европска држава каква што Бугарија тврди дека е и суштински и е дел од семејството на ЕУ – изјави Тошковски.

Според министерот, Бугарија овие стандарди треба да ги покаже со конкретни дела, а не само со декларативни изјави.

Ива Михајлова, која поседува и бугарско државјанство, е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, а во земјава за неа е во сила активна судска забрана за напуштање на државата. Од МВР претходно информираа дека преку контакт-центарот со Бугарија е утврдено оти за неа нема евидентиран легален влез на бугарска територија, додека медиумите објавија дека таа веќе се наоѓа во Софија.

Exit mobile version