Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски до опозицијата во Собранието: Ме напаѓате затоа што граѓаните конечно гледаат надеж дека нешто ќе се смени

    Тошковски до опозицијата во Собранието: Ме напаѓате затоа што граѓаните конечно гледаат надеж дека нешто ќе се смени

    24.06.2026 во 13:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од собраниската говорница одговори на интерпелацијата за неговата работа поднесена од политичката партија „Левица“. Тој истакна дека во изминатите две години е континуирано напаѓан од коалиција меѓу ДУИ, Левица и СДСМ.

    „Не се напаѓа оној што не работи, не се троши толкава енергија за оној што не менува, туку само за оној што менува нешто, а токму тоа и најмногу ве боли. Најбитно од се, вас ве боли тоа што македонските граѓани конечно гледаат надеж дека во Македонија конечно нешто може да се смени на подобро“, изјави Тошковски пред пратениците.

    Тошковски на почетокот од своето обраќање ги повика пратениците во салата да оддадат почит со едноминутно молчење за починатиот градоначалник Јовица Илиевски. Во продолжение, тој подвлече дека ова е трета интерпелација против него и ја нарече историска за период од само две години власт.

    „Почитувани граѓани на оваа убава Македонија ова е трета интерпелација за период од две години што е побарана од мене. Мислам дека е историска, не верувам дека досега имало три интерпелации, особено не за две години власт и сакам јавно да истакнам дека тоа е демократско право на опозицијата и го почитувам и лично ќе одговорам на се она што ценам дека сум должен. И кога ќе се прочита интерпелацијата може да се заклучи дека напишанто и кажаното е контрадикторно само по себе. Зборевте за се, само не за тоа што јас го работам денеска и тоа за што треба да одговорам пред македонските граѓани – зборевте за адвокатура, студии, членови на мое семејство, ама не кажавте ништи за она што се бројки и факти, македонска реалност, имплементирани проекти, чувство на безбедност кај македонските граѓани и се она што значит подобрување на животот на македонските граѓани“, истакна министерот.

    Реплицирајќи му директно на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, Тошковски посоче дека тој поголем дел од своето време го искористил за лични напади.

    „Слушнав многу манипулации, лаги, клевети, нечовечки напади. За еден велешанец, навистина под секое ниво, но тоа е ваш избор и за тоа нека судат македонските граѓани“, порача министерот.

    Според Тошковски, поднесената интерпелација е само евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата, нагласувајќи дека МВР за првпат покажува оти законите важат еднакво за сите.

    „Удирајќи по мене удирате во институција којашто за првпат по 30 години покажа дека законот важи еднкаво за сите и особено стигна до оние што мислеа дека се недопирливи, а тоа е поранешната власт на ДУИ и СДСМ, оние што грабаа и оставија пустош зад себе… Затоа оваа интерпелација не ја доживувам како суд за мојата работа, туку како уште еден очаен обид за собирање на некој евтин политички поен“, заклучи Тошковски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.