Close Menu
Press24
    Најново

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотниот бран ги полни болниците: Колапси, онесвестени лица, скршеници – Лекарите со апел

    Топлотниот бран ги полни болниците: Колапси, онесвестени лица, скршеници – Лекарите со апел

    10.08.2026 во 08:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зголемениот број сообраќајни незгоди и високите температури изминатиов период донеле поголем број пациенти на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. Меѓу повредените има и околу петмина мотоциклисти со посериозни повреди, а лекарите забележуваат и повеќе случаи на колапс поврзани со топлотниот бран.

    Директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски, апелира граѓаните да бидат особено внимателни во најтоплиот дел од денот, да го ограничат престојот на отворено и редовно да внесуваат течности.

    Говорејќи за влијанието на високите температури врз бројот на пациенти, Мерџановски посочи дека ова лето се регистрираат повеќе случаи на лица кои се онесвестиле или колабирале поради жештините.

    Како што објасни, меѓу пациентите има и градежни работници кои паднале додека работеле, лица кои доживеале колапс за време на управување автомобил, но и повозрасни граѓани кои поради високите температури изгубиле рамнотежа, паднале и се здобиле со повреди.

    Најчесто кај повозрасните пациенти се констатираат скршеници, за кои во дел од случаите е потребно и хируршко лекување.

    Мерџановски ги повика граѓаните, особено во периодот од 11 до 17 или 18 часот, да избегнуваат непотребно изложување на сонце и високи температури. Тој препорача зголемен внес на течности и доследно почитување на препораките од здравствените институции и службите за итна медицинска помош.

    Инаку, УХМР и за денеска најави температури до 40 степени. Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

    Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

    И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. На места температурите ќе достигнуваат до 40 степени, а високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.