Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Просечната нето-плата во декември 46.889 денари

    20.02.2026 во 14:29

    Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

    20.02.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?
    • Просечната нето-плата во декември 46.889 денари
    • Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
    • Трагедија: Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
    • Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај
    • Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
    • Обвинителство ја откри шемата за случајот со марихуаната: Отворена истрага против шест лица
    • Младите ја преземаат улогата на двигатели на променни
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тоневски: Во наредниот период ќе се санира јаловишната депонија во Пробиштип

    Тоневски: Во наредниот период ќе се санира јаловишната депонија во Пробиштип

    29.10.2025 во 21:49
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јас се кандидирам за градоначалник на општина Пробиштип, затоа што гледам дека во изминатите осум години општината тоне во апатија, безидејност, без ниту еден капитален проект, без ниту една поголема инвестиција, без економски развој, без инвестиции во животната средина, во квалитетот на живеењето, во младите, во образованието и во спортот, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски во вечерашната дебата на Македонската радио-телевизија.

    Тоневски посочи дека токму ваквата состојба го мотивираа да се кандидира повторно за градоначалник и решенијата на недостатоците на општината се составени во изборната програма која е направена по предлози од граѓаните и дека како иден градоначалник ќе се потруди да ја реализира во целост.

    „Моите проекти во делот на програмата за животна средина се многу големи и, според мене, многу добри. Прво јаловишната депонија во соработка со Владата ис о други институции и меѓународни ќе ја санираме и конечно ќе го затвориме тој најголем проблем од делот на животната средина. Веднаш потоа ќе пристапиме и кон правење на пречистителни станици за отпадни води, којшто сега течат во реките и одат низ населените места, како што е селото Ратавици. Потоа ќе поставиме мерни станици на повеќе локации за да го мериме квалитетот на воздухот, ќе инвестираме во паркови, во зеленила, во пошумување и сè друго што значи подобрување на квалитет на животнатата средина во нашата општина“, рече Тоневски.

    Понатаму Тонески го образложи проектот за средување на јаовишната депонија, кој впрочем е и проект којшто е изготвен уште во 2016 година, но кој во изминатите осум години градоначалникот од редовите на, сега веќе, опозициската СДСМ не го реализираше, затоа што за нив поважни беа насадите со марихуана и бизнисот со фотоволтаиците.

    „Во општина Пробиштип имаше изготвено во 2016 година проект за санација и рекултивација на јаловишната депонија. Вие повторно направивте нов проект, не знам од кои причини, тој проект беше на едно високо ниво изготвен од страна на Министерството за животна средина, изведувач беше Градежен институт на Македонија и тој проект стои, комплетен проект како се рекултивира јаловишна депонија. Вие отидовте во друг правец за фотоволтаици да правите, можеби такви насоки сте имале, фотоволтаици, марихуани, во тој период тоа беше интересно. Меѓутоа, најважно од се е јаловишната депонија да се рекултивира како што треба, со целосно дренажен систем, со поставување на геомембрани, со насипување во слоеви и од една прашина којашто загадува, да се направи површина која ќе биде зеленило, паркови, шеталишта, игралишта и тоа е тоа што јас ќе го направам во наредниот период“, истакна, меѓу другото, Тоневски

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Драма во автобус на ЈСП – Претепани две млади момчиња

    20.02.2026 во 08:22

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.