Close Menu
Press24
    Најново

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Томовски: Таблиците во боја се задолжителни по регистрација, се бара локација за нов Скопски саем

    Томовски: Таблиците во боја се задолжителни по регистрација, се бара локација за нов Скопски саем

    10.12.2025 во 20:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Овие таблици коишто се во боја прво беа тестирани на „Сејв Сити“ да видиме дали ги читаат камерите, од кога утврдивме дека ги читаат од тогаш почнавме со изработка на истите. До сега има над 3.000 возила коишто ги промениле таблиците, и оние коишто не ги промениле кога ќе дојде моментот на повторна регистрација на возилата, нема да им дадат никакви други таблици освен таблици во боја“, истакна Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на вечерашното гостување на Сител телевизија во Тема на денот.

    Томовски посочи дека СОЗР за време на изборната кампања не добила ниту една пријава за злоупотреба на возилата за партиски цели.

    „Ниту еден случај за партиски цели во кампањата не беше пријавен до нас како Служба за општи и заеднички работи. Оние возила коишто ги имаме ние, службените шкоди, тие шкоди моментално се на оперативен лизинг, на истите кога ќе регистрира прекршок, стигаат до лизинг компанијата, лизинг компанијата со допис ги препраќа кај нас, ние таму точно знаеме кој ги должи тие возила, но и онаму каде што имаме возила каде што не знаеме кој го должи, ние имаме раководител на сектор возен парк, одговорноста е целосна во него“, рече Томовски.

    Томовски на крај истакна дека во Скопје има заинтересирани инвеститори кои сакаат да го изградат Скопски саем.

    „Имавме една таква иницијатива на барање на оние луѓе коишто работеле во Скопски саем, има заинтересирани инвеститори коишто сакаат да го изградат и да го стопанисуваат саемот, а повторно ние како држава да имаме саем, а да не платиме ништо за тоа, во моментот сме во потрага по соодветно земјиште и соодветна локација, очекувам дека за скоро време ќе имаме таква локација и ќе добиеме Скопски саем“, рече Томовски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.