Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Томовски: 70% помалку злоупотреби на службени возила со обоените таблици

    Томовски: 70% помалку злоупотреби на службени возила со обоените таблици

    07.07.2026 во 10:493 Mins Read
    Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката дала видливи резултати. Според него, воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила придонело за околу 70 проценти намалување на злоупотребите.

    -Искрено, задоволен сум, можам да кажам дека 70%  е искоренета онаа злоупотреба. Сигурен сум дека ја има, повторно некаде некои од пониските ешалони коишто сакаат да ги злоупотребат, меѓутоа се надевам дека граѓаните се доволно свесни, разумни, може да сликаат, може да пријават на телефонскиот број и на мејл адресата каде што ги имаме објавено од службата и ние да ги споделиме со вас медиумите, па ете ако не разбрале како треба да се однесуваат со државниот имот и сопственоста на народот, тогаш да им покажеме на дело, рече Томовски.

    Тој најави дека СОЗР започнува и пилот-проект за набавка на три електрични возила, кои ќе ги користат курирските служби за достава на документација меѓу државните институции во Скопје.

    -Еве сега имаме истражување на пазарот, имаме еден мал минипроект во Службата за општи заеднички работи, планот ни е да набавиме три електрични возила за во градот Скопје, каде што ги користат нашите курирски служби, оние луѓе коишто разнесуваат дневно документи од институција во институција. Тоа ќе ни биде пилот-проект, да видиме дали е издржливо и дали можеме во нашата држава со онаа инфраструктура којашто ја имаме за полначи на батериите, дали може да се издржи, вели Томовски.

    Говорејќи за државниот имот, Томовски потсети дека при преземањето на функцијата биле утврдени сериозни нерегулирани состојби, при што за дел од државните објекти, меѓу кои и репрезентативни вили, немало имотни листови.

    -Не знам зошто никој не се одлучил овие објекти да ги легализира. Имало некакви постапки коишто биле заглавени во државните лавиринти, но верувајте доколку сакате нешто да реализирате, ќе го реализирате. Ние направивме измена на законот, по таа измена на законот целиот државен имот го ставивме на располагање на службата, но е сопственост на Република Македонија. Нашата цел беше да може да почнеме овие објекти да ги реновираме, тие се во функција, но бидејќи не биле долг период реновирани, прокапуваат, имаат сериозни проблеми. Но, за да може вие тоа да го направите како постапка за реновирање, тендерска постапка, мора првично да имате имотен лист. Денеска може да кажам со оној имот со којшто располага Службата за општи заеднички работи, целиот е со имотен лист и е во служба на државата, рече Томовски.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.