Тодоров: Историјата не е само прераскажување на настани од минатото

Историјата е толкување, а не само прераскажување на настаните од минатото, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, историчарот Петар Тодоров. Говорејќи за изворите на податоци за толкување на минатото Тодоров вели дека сите пишани податоци треба да се разгледаат со доза на критика поради фактот што и тие се запишани од некои луѓе.

„Често тие извори коишто ги имаме се напишани од некого и затоа тој извор треба да се земе во критичка опсервација, а не да се пренесе здраво за готово. Тука настануваат тие различни толкувања, различни претстави за минатото“, вели Тодоров.

 

19.04.2022 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега