Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, прогласи победа во првиот круг во Кратово.

„Од срце ви благодарам, мои драги Кратовчани
Денеска покажавте мудрост, единство и вистинска политичка зрелост. Со вашиот избор ја потврдивте вербата во вистинските вредности – избравте човек од народот и за народот, избравте дела, искреност. Го избравте вистинскиот пат кон напредок и просперитет на нашата општина.
Ви благодарам за довербата и поддршката. Вашата одлука ме обврзува уште посилно, посветено и чесно да работам за подобро Кратово за сите нас!
За наше Кратово и Македонија вечна
ВМРО- СПМ: 3181
СДСМ: 694
НЕВАЖЕЧКИ: 472“, напиша Николовски.

Exit mobile version