Орце Ѓорѓиевски прв, Амар Мециновиќ втор на обработени 83,94% од податоците

Орце Ѓорѓиевски е убедливо прв во трката за градоначалник на Град Скопје, а најверојатен негов противник во вториот круг ќе биде Амар Мециновиќ од Левица. 

Според податоците од Државната изборна комисија на обработени 83,94% податоци, Ѓорѓиевски освоил 67.257, или 35,95% од гласовите. 

Амар Мециновиќ има 22.717 гласа, а кандидатката на СДСМ е петта на листата со 20.056. Повеќе гласа имаа кандидатите од албанскиот блок. Башким Бакиу досега има освоено 21.262 гласа, а веднаш зад него е Скендер Реџепи Зејд 20.242 гласа. 

Exit mobile version