Оваа победа ја градевме чекор по чекор. Не со ветувања, туку со работа. Не со спектакли, туку со упорност. И затоа таа победа не е само наша. Таа е на сите што веруваат дека државата мора да се движи напред, дека општините мора да растат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прогласувајќи апсолутна победа, со 30 градоначалници во првиот круг од локалните избори рече дека вечерва партијата нема да слави туку дека ќе вети. 

„Ветуваме дека ќе работиме уште повеќе, дека секој глас ќе го претвориме во дело, секоја во надеж во резултат. Ветуваме дека оваа бројка нема да ја менуваме со бројки, туку со направени дела, затоа што вистинската победа ќе биде кога секој човек ќе каже: „Да, вредеше“.“, рече Мицкоски. 

Повика на масовност на вториот круг и рече дека секој глас што ќе остане дома е подарот, како што кажа, оние што ја уништуваа Македонија. 

„Тезата дека имало нерегуларности не е издржана и е плитка. Ги имавме најдемократските избори досега, а сѐ друго е алиби и површен обид за да се оправда слабиот резултат на опозицијата. Драги пријатели, имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг, рече Мицкоски. 

Exit mobile version