Close Menu
Press24
    Најново

    Тоа би било катастрофа – Украинците стравуваат дека Путин подготвува нова воена замка

    20.11.2026 во 20:47

    Син ја пријавил мајка си за сексуално злоставување кога имал 11 години – ѝ се заканува доживотен затвор

    20.11.2026 во 20:36

    Двајца скопјани пријавиле дека добивале телефонски закани

    20.11.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тоа би било катастрофа – Украинците стравуваат дека Путин подготвува нова воена замка
    • Син ја пријавил мајка си за сексуално злоставување кога имал 11 години – ѝ се заканува доживотен затвор
    • Двајца скопјани пријавиле дека добивале телефонски закани
    • Ја претепал сопругата, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта – кривична пријава за маж од Теарце
    • Два хороскопски знаци конечно ќе го добијат она што долго го чекаа
    • Три хороскопски знаци ги очекува голем пресврт
    • Ја пресретнале, нападнале и снимале со телефон – две малолетнички приведени во Скопје
    • Куманово: Се заканувал на сопствената ќерка, татко заврши во полициска станица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тоа би било катастрофа – Украинците стравуваат дека Путин подготвува нова воена замка

    Тоа би било катастрофа – Украинците стравуваат дека Путин подготвува нова воена замка

    20.11.2026 во 20:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за привремено примирје и хуманитарна евакуација на цивилите од украинскиот град Костјантинивка отвори сериозни дилеми во Киев поради стравувањата дека операцијата може да биде искористена за воено прегрупирање на руските сили.

    Иницијативата на Москва предвидува пауза во борбените дејства за извлекување на преостанатото население со присуство на претставници од двете страни и странски медиуми, во услови кога Русија тврди дека го контролира градот, додека Украина ги негира тие наводи и посочува дека судирите сè уште траат.

    Воениот аналитичар Олександр Коваленко оценува дека евентуалниот прекин на огнот би ѝ дал простор на руската армија да донесе нови сили и вооружување на фронтот.

    „Ако се спроведе таканаречената хуманитарна мисија, тоа би било катастрофа за Киев“, оценува Коваленко во изјава за „Дојче веле“.

    Слична резерва изрази и украинскиот претседател Володимир Зеленски, според кого целта на Русија е да ги принуди украинските единици на повлекување за полесно заземање на градот, наведувајќи го претходното примирје во Олешки како пример каде руската војска го искористила затишјето за зајакнување на позициите и дотур на оружје.

    Костјантинивка е клучна точка во украинскиот одбранбен појас во Донецката област, па нејзиното евентуално паѓање би го отворило патот за руски продор кон Дружкивка, Краматорск и Словјанск.

    Од некогашните околу 70.000 жители пред почетокот на војната, локалните власти проценуваат дека во градот останале уште околу 340 цивили кои преживуваат без редовна вода, струја и гас.

    Аналитичарите сметаат дека евакуацијата е итна, но инсистираат таа да се одвива под строг и независен меѓународен мониторинг, со вклучување на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и целосна забрана за движење на војска и опрема, додека официјален Киев сè уште не донел одлука дали и под кои услови би го прифатил предлогот.

    Прочитај повеќе

    Син ја пријавил мајка си за сексуално злоставување кога имал 11 години – ѝ се заканува доживотен затвор

    20.11.2026 во 20:36

    Нов пресврт на судењето за Данка Илиќ: Дедото го смени исказот

    20.11.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.