Тинејџер со остар предмет нападнат од неколку лица во парк во Драчево


Вчера околу 22.35 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во парк на подрачјето на Драчево неколку лица физички го нападнале Л.А.(19) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда на раката.

На местото бил пронајден остриот предмет, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

01.04.2024 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега