„Тик-ток“ повторно официјален партнер на Евросонг

 

„Тик-ток“ ќе биде официјален партнер на Изборот за песна на Евровизија втора година по ред откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја избра платформата за пренос на натпреварот во живо, како и за објавување ексклузивни настапи и содржини зад сцената.

Објавата следува откога британскиот Парламент во четвртокот соопшти дека ќе ја блокира апликацијата во сопственост на Кина на своите уреди и мрежи поради безбедносни причини.

Мартин Остердал, извршен супервизор на ЕБУ за Евросонг, изјави: „Mилиони нови евровизиски фанови го открија настанот преку „Тик-ток“ минатата година и знаеме дека милиони други ќе бидат возбудени за годинешниот специјален настан во Ливерпул“.

„И натпреварувањето Евросонг и ‘Тик-ток’ нудат меѓународна платформа за откривање свежа нова музика и уметници и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да создадеме повеќе големи хитови во 2023 година“, додаде тој.

„Тик-ток“ е партнер и со Visit Liverpool откако британскиот град беше избран да биде домаќин на натпреварот во име на минатогодишниот победник Украина, каде штоб не може да се одржи поради моментната ситуација.

Апликацијата ќе промовира слотови за автобуси во градот и ќе известува од евровизиското село – официјалната фан-зона, од 12 мај од 18.30 часот.

24.03.2023 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега