„Ти не остаре, ти отиде да се одмориш“: Актерката Весна Бејби на Велигден се сеќава на нејзиниот прерано починат татко
Актерката Весна Бејби Петрушевска на најрадосниот христијански празник, Велигден, со емотивна објава се сеќава на нејзиниот татко, Кирил, кој почина во декември минатата година.
„Се сеќавам кога бев мала секогаш ми правеше финти како да остане велигденското јајце твое здраво, а моето скршено...викаше дека така си им правел на децата од маало. После кога веќе пораснав таа финта им ја правев на Кики и Мина ....секогаш се смеевме...денес баш и не ми се кршат јајца, не ми се смее денот. Како да ти кажам тато има една огромна празнина и ти во неа. Ми фалиш да си поседиме надвор и да си разговараме кој заслужил судбина кој не заслужил,да си раскажеме некоја од оние твоите жал за младоста .Највеќе ми фали твојата широка насмевка.Беше најубав таков и остана...не остаре...отиде да се одмориш ....ми фалиш те сакам бескрајно“, напиша актерката на социјалната мража Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа