Тетовчанец измамен за 750 евра

 

На 14.10.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, 45-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од А.Л.(44) од Скопје за сума од 750 евра. Според пријавеното, на 24.08.2024 А.Л., сопственик на правен субјект од Скопје, го довел во заблуда и му ветил дека за еден месец ќе му изврши транспорт на патничко возило од Сојузна Република Германија, а тој за услугата му ги дал парите.

Откако поминал договорениот термин и не му било донесено возилото, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

15.10.2024 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега