Тешко повредена охриѓанка, управувајќи мопед изгубила контрола и паднала на коловозот

 

Вчера во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 42-годишната А.Ѓ. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Во несреќата А.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

15.07.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа