Тешко повредена малолетничка од Охрид, управувајќи мопед изгубила контрола и паднала на коловозот

 

Вчера во 20.30 часот во СВР Охрид било пријавено на ул.„Абас Емин“ во Охрид, малолетничка, додека управувала мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

11.07.2024 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега