Доаѓа блага зима: Ќе видиме ли снег оваа година?
Иако не се целосно прецизни, долгорочните прогнози велат дека оваа зима во Скопје снег нема да видиме, или, ако тоа се случи, тоа ќе бидат некои слаби врнежи кои не би формирале снежна покривка.
Во октомври со температурите кои ги имаме во моментов се што може да очекуваме се врнежи од дожд и тие ќе се интензивираат во втората половина на месецот, но имајќи предвид дека во текот на целиот месец ќе имаме двоцифрени дневни температури и утрински кои нема да одат во минус, снег воопшто не може да се очекува.
Првите услови за снег се очекуваат некаде на средина од ноември. Идниот месец се очекув ада донесе многу врнежи од дожд а некаде кон средината во утринските часови ќе се создадат и услови за снег, но имајќи предвид дека дневните температури ќе одат и над 6 степени, снежна покривка нема да има .
Студови не се очекуваат ниту во декември но во овој месец ќе има услови за снег бидејќи ќе има повеќе денови во кои наутро ќе се будиме и на минус 5 а дневните температури ќе се движат под 3 степени.
Услови за снег се очекуваат во последните 2 недели од декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа